Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Само 6 пациенти за 24 часа во ковид центрите во Скопје

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 692 пациенти
Img 7972
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 6 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 128 лица сомнителни и потврдени на Ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град, голем дел од пациентите се на кислородна поддршка, велат од министерството за здравство.
Во последното деноноќие, на Институтот за ТБЦ имало 2 приеми.
Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало еден примен пациент а 3 биле примени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 17  оздравени пациенти.
Во  ковид центрарот на Институтот за ТБЦ се лекуваат 19 пациенти.
Во ГОБ 8 Септември има вкупно 51 болен, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 58
пациенти.
Бројот на приеми во изминативе денови се намалува известуват од здравство  и утрово според информации од таму до 8 часот имало 70 слободни места, а се очекува во текот на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.
Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка, информираат од министерството.

Можете да прочитате

Мобилен царински тим заплени над илјада часовници „Ролекс“, „Бос“, „Армани“, поради сомневање за фалсификат

Минчев: Реформите во јавната администрација се реалност, не ветување – Европеизацијата почнува од секој шалтер и службеник

Бесплатни училишни униформи за сите ученици во Општина Крива Паланка