Утрински Весник
Македонија

(Видео) Здравковски: Луѓе умираат чекајќи пари за операции, а директорите на ФЗОМ ќе возат луксузни автомобили

(Видео) Здравковски: Луѓе умираат чекајќи пари за операции, а директорите на ФЗОМ ќе возат луксузни автомобили

Стево Крстевски, директорот на Фондот за здравствено осигурување во време на здравствена и економска криза троши 82.600 евра за купување на две луксузни лимузини од марката Форд, модел – „мондео титаниум“, за него и за Фатон Ахмети, истакна на денешната прес конференција пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Здравсковски.

„Народот собира донации за лекување преку СМС пораки, лекари носат пациенти на раце затоа што нема амбулантно возило, недостасуваат инсулин и клексан, а Крстевски од ФЗОМ купува луксузни лимузини, ова се опишува со еден единствен збор – „одлепени од реалноста“, рече Здравковски.

„Луѓе буквално умираат чекајќи пари за операции. За оваа клика на власта, од која дел е и Крстевски човечкиот живот очигледно не вреди пет пари, но затоа вредат луксузните лимузини на кои не штедат, ниту во време на криза. Крстевски и СДСМ не знаат за срам, да имаа срам немаше воопшто да ги набават двете луксузни возила вредни 82.600 евра, за кои договорот за набавка го потпишале на 20-ти мај, пред точно шест дена“, истакна пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ.

Неговата партија бара како што рече, Крстевски веднаш да го раскине договорот за набавка на двете луксузни возила, а парите да бидат пренасочени за набавка на две амбулантни возила.

„Сигурно има возила со кои може да се вози Крстевски, и тие не мора да бидат нови, но амбулантни возила нема доволно, а наместо да чекаме на донации на приватни фирми ФЗОМ може да почне со откажување од луксузот за сметка на здравјето на граѓаните“, дециден е Здравковски.

Можете да прочитате

Бектеши: Ние вакви настани во последните седум години речиси немавме во нашата држава

Како руските агенти влијаеја на црковните и политичките процеси во Македонија

СДСМ: МВР под ВМРО-ДПМНЕ е неспособно и без контрола врз криминалот