Утрински Весник
Свет

САД: Големата порота одлучува дали ќе има обвиненија за Трамп

САД: Големата порота одлучува дали ќе има обвиненија за Трамп

Големата порота во САД одлучува дали ќе биде покренато обвинение против поранешниот американски претседател Доналд Трамп, пренесува Вашингтон пост.

Поротата ќе ги разгледа доказите собрани за време на работењето на Трамп и наводното давање на мито на жени во негово име, пренесуваат американските медиуми.

Трамп (74) негираше дека е учесник во такви дела, тврдејќи дека станува збор за „политички лов на вештерки“.

Одлуката на окружниот правобранител Сајрус Венс да го свика судското тело укажува на тоа дека тој има докази дека Трамп или некој близок до него или до неговата компанија го извршиле злосторството, пишуваат медиумите.

Портпаролот на Венс, Дени Фрост, одби да ги коментира таквите тврдења.

Државното правобранителство на Њујорк пред една недела објави дека отвори кривична истрага за компанијата на Трамп.

Јавниот обвинител Летиша Џејмс истражува дали организацијата на Трамп пријавила лажна вредност на имотот со цел да обезбеди заеми и да добие економско и даночно олеснување.

Можете да прочитате

Во Германија масовно се краде дизел гориво

Преговори меѓу Украина и САД без Русија во Мајами

Иран испалил ракети кон американска база на 4000 км оддалеченост