Утрински Весник
Свет

Американска студија: Само 0,01 процент од вакцинираните развиле Ковид-19

Спасовски се вакцинираше против Ковид-19

Приближно 0,01 процент од луѓето вакцинирани со двете дози на вакцината добиле Ковид-19, ова според најновата американска студија покажува дека вакцината е многу ефикасна.

Во извештајот на Центрите за контрола и превенција на болести на САД се документирани таканаречените случаи на „пробив“ на вирусот меѓу 101 милиони вакцинирани лица со двете дози во САД.

Во истражувањето е опфатен периодот од 1 јануари до 30 април.

Забележано е дека кај 10.262 лица кои биле вакцинирани со две дози по две недели се појавиле симптоми на Ковид-19.

Просечната возраст на овие пациенти била 58 години, а мнозинството, дури 63 проценти од случаите, биле жени.

Од вкупниот број на заразени, 706 случаи или седум проценти од пациентите биле хоспитализирани, а 132 или еден процент починале поради причини поврзани со коронавирусот. Останатите биле со лесни или асимптоматски случаи откриени преку рутинско тестирање.

Можете да прочитате

Виткоф: Путин за првпат се согласи на безбедносни гаранции за Украина

Илјадници Американци протестираа против плановите на републиканците за ново прекројување на изборните единици

Хамас го отфрла планот на Израел за преселувања во Газа