Утрински Весник
Свет

Сѐ повеќе авиокомпании најавуваат дека нема да летаат над Белорусија

Сѐ повеќе авиокомпании најавуваат дека нема да летаат над Белорусија

„Луфтханза“, КЛМ, САС, „Ер Франс“, ЛОТ и „Сингапур ерлајнс“ се дел од авиокомпаниите кои најавија дека ќе престанат да летаат над Белорусија.

Европската агенција за контрола на воздушниот сообраќај „Еуроконтрол“ извести дека околу 100 летови на европски и британски превозници кои дневно минуваат низ Белорусија најдобро е да се пренасочат кон воздушниот простор на балтичките земји.

Лидерите на ЕУ се согласија дека треба да се избегнува белорускиот воздушен простор откако Минск минатата недела со воен авион присилно слета цивилен авион на „Рајанер“.

Белоруските власти потоа уапсија опозициски новинар, предизвикувајќи револт од меѓународната заедница.

ЕУ, исто така, ќе го исклучи белорускиот превозник „Белавија“ од својот воздушен простор и од аеродромите.

 

Можете да прочитате

Русија е закана за Европа и светот, смета Унгарија

Зеленски го одликува Маск со украинскиот Орден на слободата

Обид за напад со напалм врз украинска фабрика за дронови во Словачка