Утрински Весник
Свет

Поради истечен рок, Хонг Конг ќе мора да фрли милиони дози вакцини во ѓубре

Поради истечен рок, Хонг Конг ќе мора да фрли милиони дози вакцини во ѓубре
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Хонг Конг можеби наскоро ќе мора да фрли милиони дози вакцини против коронавирус, бидејќи се приближува датумот на истекување а премалку луѓе се пријавиле за вакцинација, предупредија официјални лица.

Хонг Конг е еден од ретките во светот што успеа да набави повеќе дози вакцини отколку што е потребно за да го вакцинира целото население од 7,5 милиони луѓе.

Но, растечката недоверба кон владата, која се бори против несогласувањата со нејзините политики, во комбинација со дезинформации на Интернет и досегашната добра епидемиолошка состојба во градот кој е релативно без коронавирус, ги натера луѓето да се двоумат дали да ја примат вакцината.

Член на владината работна група за вакцинирање предупреди дека на граѓаните од Хонг Конг „им преостануваат само уште три месеци“ пред истекот на рокот за првата пратка на вакцините од „Фајзер / Бионтек“.

„Вакцините имаат рок на траење“, изјави Томас Цанг, поранешен контролор на здравствениот центар.

„Тие не можат да се користат по истекот на рокот, а центрите за вакцинација според сегашните планови, ќе престанат да работат по септември.

“Целиот свет се обидува да добие вакцини и едноставно не е во ред да можеме да ги купиме преку ноќ и само да ги чуваме. Она што го имаме е веројатно сè што имаме до крајот на годината”, додаде тој.

Хонг Конг купи 7,5 милиони дози вакцини.

Досега само 19 проценти од населението примило една доза од која било вакцина, додека 14 проценти примиле две дози.

Двоумењето е вообичаено дури и кај здравствените работници. На почетокот на овој месец, градската болница „Авториш“ откри дека само една третина од нивните вработени ја искористиле можноста да се вакцинираат.

И додека жителите на Хонг Конг не брзаат да вакцинираат, блиските земји се борат да добијат доволно дози вакцини против коронавирус.

Во последниве недели, некои политичари во Хонг Конг сугерираа неискористената вакцина да се испрати во странство и така да им се помогне на другите земји.

Можете да прочитате

Кирибати прва ја дочека 2026 година

САД ангажираат 400 адвокати за проверка на пет милиони страници од досиејата на Епстин

Иран со остра порака до САД и Израел по заканите на Трамп