Утрински Весник
Македонија

Радев на средба со Лајен: Потребен е отворен дијалог со Северна Македонија за решавање на проблемите

Радев на средба со Лајен: Потребен е отворен дијалог со Северна Македонија за решавање на проблемите

Бугарскиот претседател, Румен Радев оствари средба со претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, и португалскиот премиер Антонио Коста, на која стана збор за интеграциите на Северна Македонија во Европската Унија.

Радев на средбата рече дека напредокот во европската интеграција мора да се заснова на почитување на човековите права и на целосна усогласеност со критериумите за членство, пренесе Бугарското национално радио.

Разговорите се фокусираа на можностите за постигнување напредок во усвојувањето на преговарачката рамка и започнувањето на преговорите за членство во Европската унија.

„Потребни ни се и позитивни примери во билатералните односи помеѓу Бугарија и Северна Македонија, и директен и отворен билатерален дијалог за решавање на проблемите“, нагласи Радев.

Тој го оцени како „добар знак“ претстојното заедничко одбележување на светите браќа Кирил и Методиј од страна на делегациите на Бугарија и Северна Македонија во Рим и повика на политичка волја од Северна Македонија за да се постигнат конкретни резултати за проблематичните прашања.

Средбата беше иницирана од претседателката на Европската комисија и португалскиот премиер пред вонредниот состанок на Европскиот совет во Брисел.

Радев кој попладнево се обрати кусо на самитот на ЕУ, ја повика Унијата на солидарност и нагласи дека треба да се земат во предвид проблемите на секоја членка. Во оваа насока, Радев не прецизираше дали тоа се однесува на спорот со Македонија.

Можете да прочитате

“Правдата избега” е најсоодветен термин за трибина на ДПМНЕ по бегството на Груби

ВЛЕН: Здравството со ДУИ беше тортура за граѓаните

За осум часа на ГП Табановце влегле над 26.500 лица, од нив скоро 20.000 македонски државјани