Утрински Весник
Спорт

Роберт Левандовски ја освои својата прва Златна копачка

Роберт Левандовски ја освои својата прва Златна копачка

Напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски и официјално ја освои Златната копачка наменета за најдобриот стрелец во европските национални шампионати.

Сезонава Полјакот во Бундеслигата постигна 41 гол и за првпат во кариерата стигна до престижната награда. Минатата сезона Златната копачка отиде во рацете на Италијанецот Чиро Имобиле (Лацио).

Капитенот на Барселона, Лионел Меси е рекордерот со 6 Златни копачки, додека Кристијано Роналдо има две помалку.

Еве кои се фудбалерите во Топ 10 сезонава:

Роберт Левандовски (Баерн Минхен) – 41 гол
Лионел Меси (Барселона) – 30 гола
Кристијано Роналдо (Јувентус) – 29 гола
Андре Силва (Ајнтрахт Франкфурт) – 28 голова
Ерлинг Холанд (Борусија Дортмунд) – 27 гола
Килијан Мбапе (ПСЖ) – 26 голова
Ромелу Лукаку (Интер) – 24 гола
Џерард Морено (Виљареал) – 23 гола
Карим Бензема (Реал Мадрид) – 23 гола
Хари Кејн (Тотенхем) – 23 гола

> Роберт Левандовски ја освои својата прва Златна копачка <

Можете да прочитате

САД не одобрија визи за дел од стручниот штаб на Иран пред СП

ФИФА воведува големи промени при интонирањето химни на СП 2026

Јамал фудбалер на сезоната во Ла Лига