Утрински Весник
Македонија

19 годишно момче изгубило контрола врз мопедот и излетало од патот

19 годишно момче изгубило контрола врз мопедот и излетало од патот
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

19 годишно момче од Штип завршило со тешки телесни повреди откако изгубило контрола врз мопедот кој што го управувал и излетал од патот, информира МВР.

Според информации од таму, вчера околу 17.00 часот во Штип, на ул.„Суитлак“, мопед „баотиан“ со штипски регистарски ознаки управуван од Д.К.(19) од Штип изгубил контрола и излетал од коловозот.

На Д.К. во Клиничката болница-Штип му се констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР-Штип.

Можете да прочитате

Хаос во Италија: Масовна пресметка меѓу Македонци и Албанци заврши со апсења

Земјотрес почувствуван во Охрид и околината

Македонска Каменица во тридневна жалост по трагичната смрт