Утрински Весник
Спорт

Почетино се правда: Нема да биде неуспех ПСЖ да ја загуби титулата

Почетино се правда: Нема да биде неуспех ПСЖ да ја загуби титулата

Маурисио Почетино смета дека ако Пари Сен-Жермен не ја освојат француската титула денеска, тоа нема да биде голем неуспех на еден од најбогатите клубови на светот.

ПСЖ заостануваат еден поен зад лидерите Лил пред последното коло, што значи дека мора да го победат Брест и да се надеваат дека Лил ќе загубат поени од Анжер. ПСЖ веќе ја освоија титулата од Францускиот куп и лига купот, но испаднаа во полуфиналето од Лигата на шампионите од Манчестер сити.

„Тим како ПСЖ треба да се натпреварува за сите титули и секој неуспех е големо разочарување. Но, тоа нема да биде неуспех, што е престрог збор. Во фудбалот секогаш мораш да веруваш до крај, бидејќи се случуваат пресврти. Мораме да бидеме подготвени за победа ако Лил не победи во Анжер. Влегуваме полни со мотивација“, вели Почетино.

Аргентинецот го замени Томас Тухел во јануари и има 33 меча со „светците“ со 23 победи и 7 порази.

> Почетино се правда: Нема да биде неуспех ПСЖ да ја загуби титулата <

Можете да прочитате

Со дефиле на делегациите вечерва во Скопје отворено Светското училишно првенство во ракомет 2026

Суспендиран стадионот „Башкими“ во Куманово, покрената дисциплинска постапка за инцидентот на мечот со Струга Трим Лум

Карпош домаќин на Европско првенство во кинеско борење