Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Седум нови пациенти хоспитализирани во Скопје

Регистрирани 214 нови случаи на Ковид-19, починати се 36 лица
Img 7972

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 7 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 127 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.

Во последното деноноќие, на Институтот за ТБЦ немало приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало еден примен пациент и 6 биле примени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 11 оздравени пациенти.

Во ковид центритарот на Институтот за ТБЦ се лекуваат 19 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 48 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 60 пациенти.

Бројот на приеми во изминативе денови се намалува и утрово до 8 часот имало 80 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО и Коцевски да одговорат дали дискотеката Пулс платила 40.000 евра

Филипче: Само со темелни реформи може да го смениме системот, тоа е мојата политика

Доаѓаат влажни воздушни бранови од Медитеранот кон Македонија