Шарл Леклер, ќе стартува од пол-позицијата на траката за Големата награда на Монако. На домашен терен, 23-годипниот од Ферари е роден во Монте Карло, тој се избори за осмата пол-позиција во кариерата. Лоши квалификации имаше светскиот првак и лидер во генералниот пласман, Луис Хамилтон. Британецот трката ќе ја започне од седмата позиција.
Квалификациите завршија порано, бидејќи Леклер во обид да го поправи своето најбрзо време, удри во ѕидот и го ошети својот болид.
Најбрзиот круг на Леклер изнесуваше 1:10. 346 минути.
Трката од првиот ред покрај Леклер ќе ја започне Макс Ферстапен, трет е Валтери Ботас, па следуваат Карлос Саинц, Ландо Норис, Пјер Гасли, Луис Хамилтон, Себастијан Фетел, Серхио Перез и Антонио Џовинаци.
> Леклер ја освои пол-позиција па сериозно го оштети болидот <