Утрински Весник
Македонија

(Видео) Мицкоски: Преговорите со ЕУ треба да почнат веднаш

(Видео) Мицкоски: Преговорите со ЕУ треба да почнат веднаш

Партискиот став на ВМРО-ДПМНЕ е дека преговорите со Унијата треба да почнат веднаш, изјави првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој денеска беше во посета на Гевгелија.

Според Мицкоски, Македонија веќе одмна ги исполни условите за почеток на преговорите со ЕУ.

„Преговори треба да се случат утре, а ЕУ треба да си го исполни ветувањето што му го даде на овој народ дека веднаш по исполнување на критериумите, со кои Зоран Заев нè понижи како народ и нација, ќе го отпочнеме патот кон полноправно членство“, рече Мицкоски.

Тој додаде дека целта на Заев е само да добие датум за преговори, што е различно од отпочнување преговори и кое што во суштина не гарантира ништо и со тоа да прави парада пред македонските граѓани.

„Заев го советуваше нашиот сосед Бугарија да дадат само датум а притоа имаат многу можности да го блокираат членството на Македонија во Унијата. Но македонските граѓани заслужуваат многу повеќе од тоа и заради тоа ЕУ треба да го исполни ветувањето за полноправно членство“, рече Мицкоски.

Сепак, како што нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, ова не се преговори за премиерот Заев, туку за граѓаните.

„За овој народ посакувам ведрина, а тоа ќе се постигне ако ЕУ си го исполни ветувањето“, додаде Мицкоски.

Можете да прочитате

Хеликоптерот на МВР фрли над 40 тони вода врз пожарот во Дојран

Детето сместено во згрижувачко семејство, струмичкото обвинителство отвори истражна постапка за таткото од Ново Село

Деца државјани на Велика Британија го запалиле пожарот кај Стајковци