Утрински Весник
Свет

Израел: Убивме 200 оперативци на Хамас и Исламски џихад

Израел: Убивме 200 оперативци на Хамас и Исламски џихад

Израелската армија соопшти дека за време на 11-дневниот конфликт во Појасот Газа, убила 25 високи команданти на милитантните групи Хамас и Исламски џихад и 200 оперативци.

Од друга страна, палестинското Министерство за здравство во Газа неведува дека во израелските напади биле убиени 232 лица, од кои 65 деца и 39 жени.

Хамас не го објави бројот на убиени борци, пренесува „Би-би-си“.

Израелската армија исто така соопшти дека во воздушните напади уништила повеќе од 100 километри мрежа на подземни тунели на Хамас, како и стотици ракетни фрлачи и десетици објекти што ги користело военото крило на Хамас.

Се наведува дека израелскиот систем за противракетна одбрана „Железна купола“ пресретнал околу 90 проценти од ракетите истрелани од милитантите кон населените места.

Во 11-дневниот конфликт кон Израел се лансирани повеќе од 4.340 ракети од Појасот Газа.

Можете да прочитате

Путин до Меркел: Ангела, извини, не знаев дека се плашиш од кучиња

Уште една европска земја воведува туристички такси

Путин: Ако Киев стане нуклеарна сила, Русија ќе го употреби целото свое оружје против Украина