Утрински Весник
Политички Партии

СДСМ: Од септември за 10 отсто поголеми плати за вработените во високото образование

СДСМ: Од септември за 10 отсто поголеми плати за вработените во високото образование

Министерството за образование и наука за прв пат потпиша Колективен договор со Самостојниот синдикат за образование, на кој се приклучи и Независниот академски синдикат, соопшти СДСМ.

„ Со овој Колективен договор веќе од септември, вработените во високото образование ќе добијат покачување на платите за 10 отсто, а ќе им биде исплаќан и минат труд кој досега го исплаќале само некои од установите.

Колективниот договор ги нормира и унапредува правата на работен однос во секторот високо образование и наука меѓу кои: вработување, унапредување, право на годишен одмор, права на платено и неплатено отсуство, право на отпремнина, заштита од отказ, услови за парична помош, синдикална организација.

Во договорот е дефиниран и начинот на пресметување на платите, кој се базира на степенот на сложеност и одговорност на работното место, изразен како коефициент во однос на просечната државна плата, со што се обезбедува постојан раст на платата, која ќе се зголемува заедно со просечната плата.

Ова е пример за успешно партнерство меѓу Министерството и професорската фела, како и потврда за грижата на институциите за високото образование.

СДСМ како одговорна партија продолжува со креирање и имплементација на мерки и политики во интерес на граѓаните“ се вели во соопштението на СДСМ.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт