Утрински Весник
Свет

Ангела Меркел се надева дека нема да замине во историјата како мрзeлива личност

Ангела Меркел се надева дека нема да замине во историјата како мрзeлива личност

По 16 години на чело на Германија, 66-годишната канцеларката Ангела Меркел има само една желба: да не зборуваат за неа дека била мрзелива.

Меркел, која заминува во пензија по парламентарните избори закажани за 26 септември, е позната како неуморен работник и издржлива во долгите преговори со лидерите од целиот свет или со официјални лица од германските региони.

Сепак, денес на форумот организиран од ВДР, на прашањето што не би сакала за неа да пишува во историските книги, таа кратко одговори: „ Дека бев мрзелива“.

Меркел е една од омилените политички фигури на Германците и многумина се восхитуваат на нејзиниот отпор кон заморот, затоа што беше во можност да не спие цела ноќ и да преговара.

Во 2015 година, таа рече дека има „капацитет за издржливост, но во одреден момент мора да се одмори“. Таа е позната по тоа што сака да се консултира и да собира службени лица, дури и по цена на доцнење во донесувањето на некои одлуки.

„ Мојот метод на работа отсекогаш бил да создадам врски и да ги решавам несогласувањата преку разговор“, рече таа, што е различно од некои службеници чие однесување се состои во создавање тензии.

Можете да прочитате

Медицински хеликоптер падна врз болница во Турција, има загинати

Над 30 луѓе загинаа во судир на камион и автобус во Бразил

Властите го товарат напаѓачот на божиќниот пазар во Магдебург за пет убиства