Утрински Весник
Свет

Советот за безбедност со резолуција ќе бара прекин на воените дејствија во Израел и Газа

Советот за безбедност со резолуција ќе бара прекин на воените дејствија во Израел и Газа

Нацрт-резолуција поднесена во Советот за безбедност на ОН, од страна на Франција, бара итен прекин на воените дејствија во Израел и во Појасот Газа, како и слободен хуманитарен пристап до Газа, пренесува ТАСС.

Нацрт-резолуцијата може да биде ставена на гласање оваа недела, а документот ќе биде достапен за коментари до утре до 18 часот, по што може да се стави на гласање, вели изворот што го консултирал ТАСС.

„Советот за безбедност на ОН бара итен прекин на воените дејствија и на непречено обезбедување и дистрибуција на хуманитарна помош низ Појасот Газа и ги поздравува првите чекори преземени во врска со ова“, се вели во нацрт-документот.

Во резолуцијата, Франција ги повикува земјите-членки да ги поддржат меѓународните напори за ублажување на хуманитарната и економската состојба во Појасот Газа, вклучително и преку итно потребни дополнителни придонеси за УНРВА и преку ад-хок комитетот за врски.

Во неа, исто така, се повикува на интензивирање и забрзување на дипломатските напори и поддршка за преговараното ‘решение за две држави’ во согласност со меѓународното право и со релевантните резолуции на ОН.

Текстот на документот не содржи обвинение кон која било страна во конфликтот.

Можете да прочитате

Новиот лидер на Сирија вели дека целото оружје ќе биде ставено под државна контрола

Нетанјаху со закана дека ќе дејствува насилно и решително против бунтовниците во Јемен

Путин во Кремљ се сретна со словачкиот премиер Роберт Фицо