Поранешната асистентка на Мерилин Менсон го тужи музичарот за наводен сексуален напад, насилно однесување и вознемирување.
Ешли Волтерс поднесе тужба против осрамотениот рокер кој во последните месеци се соочува со неколку обвинувања за сексуален напад. Таа тврди дека Менсон „ја користел својата позиција на моќ како славна личност за да ја експлоатира и виктимизира во текот нејзиното вработување“.
Поранешната асистентка и нејзиниот правен тим ја поднесоа жалбата до Високиот суд на округот Лос Анџелес во вторникот и тврдат дека пејачот – чие вистинско име е Брајан Ворнер – бил „насилен“ шеф, кој често ја терал Ешли да работи 48 часа без пауза.
Во судските документи се наведува дека Ешли го запознала Менсон во 2010 година, кога таа имала 26 години, откако тој ѝ испратил порака на MySpace за да ѝ каже дека му се допаѓа нејзината работа.