Утрински Весник
Свет

Шпанците вакцинирани со „Астразенека“ ќе добијат втора доза „Астразенека“ или „Фајзер“

Шпанците вакцинирани со „Астразенека“ ќе добијат втора доза „Астразенека“ или „Фајзер“

На Шпанците помлади од 60-години, кои ја примиле првата доза на „Астразенека“, ќе им биде дозволено да добијат втора доза од тој производител или од „Фајзер“, изјави шпанската министерка за здравство, Каролина Даријас.

Како што рече, станува збор за исклучок поради вонредни околности.

Имено, во март, Шпанија ја забрани употребата на вакцината на „Астразенека“ за помлади од 60 години, бидејќи беше загрижена за можна појава на згрутчување на крвта кај помладите по вакцинирањето.

Така, оние кои ја примија првата доза на „Астразенека“ беа во неизвесност, а како што објави „Ројтерс“, одлуката ќе се одрази на околу 1,5 милиони Шпанци кои веќе ја примиле првата доза на „Астразенека“.

Истражување од шпанскиот институт за здравство, неодамна откри дека вакцинацијата со вакцината „Фајзер“ кај луѓе кои ја примиле првата доза на „Астразенека“ е безбедна и ефикасна.

Можете да прочитате

И Салвини со поддршка за Орбан по директните закани на Зеленски кон унгарскиот премиер

Цените на нафтата нагло пораснаа поради ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток

Трамп се закани со затворање на владата поради неуспехот да се усвои изборниот закон