Утрински Весник
Магазин

„Пријатели“ повторно заедно како семејство, вели Џенифер Анистон

„Пријатели“ повторно заедно како семејство, вели Џенифер Анистон

Џои ќе отвореше сендвичара, Моника ќе се обидуваше да ги надмине другите мајки во продавање печива, а Рејчел ќе започнаше сопствена линија за облека.

Тоа е она што ѕвездите на „Пријатели“ замислуваат дека нивните ликови би го правеле 17 години по завршувањето на хит-серијата комедија во 2004 година.

Во пресрет на еднократната специјална средба што ќе се емитува следната недела, Џенифер Анистон, Лиза Кудроу, Кортни Кокс, Дејвид Швимер, Мет Лебланк и Метју Пери разговараа со магазинот „Пипл“ за повторната дружба и нивните спомени од серијата.

„Јас секогаш чувствувам како Моника да прави нешто конкурентно со другите мајки и се обидува да ги надмине. Без разлика дали тоа е продажба на печива на училиште или нешто друго. Мислам, таа ќе беше многу досадна и ќе беше на чело на PTA или нешто слично “, изјави Кокс за „Пипл “.

„Џои ќе отвореше синџир продавници за сендвичи“, рече Лебланк.

„И ќе ги изедеше сите сендвичи“, се пошегува Пери.

„Пријатели “, приказната за шест млади луѓе од Њујорк, беше една од најпопуларните ТВ-емисии во 90-тите години на минатиот век и повторно заживеа на стриминг-платформите каде што е една од најгледаните серии ширум светот.

 

Нивната средба без претходно напишано сценарио ќе се емитува на „Ејч-би-о макс“ на 27 мај со неколку славни гости меѓу кои Лејди Гага и Џастин Бибер и актери кои играа споредни улоги во „Пријатели“ како Џенис, Ричард и Гинтер.

Џенифер Анистон рече дека повторната средба таа ја доживува како семејство. „Јас немам сестри. Претпоставувам дека така изгледаат сестри”.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста