Утрински Весник
Спорт

Страотна експлозија го уништи домот на спортскиот директор на Селтик

Страотна експлозија го уништи домот на спортскиот директор на Селтик

На имотот на извршниот директор на Селтик, Питер Лавел, утрово се случила страотна експлозија, која предизвикала пожар, кој уништен дел дел од куќата и автомобилите кои биле паркирани во дворот.

Никој од семејството на Лавел не бил повреден, а полицијата веднаш започнала истрага за овој случај.

„Експлозијата и пожарот предизвика голема материјална штета. Во шок, семејството замина од имотот. За среќа никој не е повреден, сите се безбедни“, соопштија од фудбалскиот клуб Селтик.

Бо моментот кога се случила експлозијата, Питер Лавел во домот бил со сопругата и шестмесечниот син. Тие биле во објектот кој се наоѓал над гаражата во која се случила експлозијата.

Лавел (61) по завршувањето на сезоната го напушта местото спортски директор, на кое мина 18 години. На неговото место доаѓа Доминик Мекеј.

> Страотна експлозија го уништи домот на спортскиот директор на Селтик <

Можете да прочитате

ПМФЛ: Силекс ја „растури“ Струга, Вардар поразен од Беса

Уште еден рекорд на Лука Модриќ – го надмина и Пушкаш

Маркез од очај до блесок до триумф во Австралија!