Утрински Весник
Магазин

Бил Гејтс пред 20 години имал афера со вработена, наводно, поради тоа го напуштил „Мајкрософт“

Бил Гејтс пред 20 години имал афера со вработена, наводно, поради тоа го напуштил „Мајкрософт“

„Мајкрософт“ спроведе истрага за односот на коосновачот Бил Гејтс со вработена во компанијата пред речиси 20 години, откако компанијата дозна за љубовна врска со таа личност, соопшти „Мајкософт“ во понеделникот.

Технолошкиот гигант наведува дека во средината на 2019 година добиле писмо во кое пишува дека Гејтс сакал да започне интимна врска со вработена.

„Извршниот одбор ги испита овие обвинувања со помош на надворешна адвокатска канцеларија. За време на истрагата, „Мајкрософт“ обезбеди целосна поддршка на вработената која го покрена ова прашање”, се додава во соопштението.

„Волстрит журнал“ во неделата објави дека по завршувањето на интерната истрага, извршниот одбор на „Мајкрософт“ заклучил дека односот на Гејтс со вработената бил несоодветен и дека тој треба да се повлече од одборот. Портпаролот на Мајкрософт одбил да коментира дали одборот одлучил Гејтс да замине од компанијата.

Во изјава за „Волстрит журнал“, портпарол на Гејтс рече дека неговата одлука да го напушти извршниот одбор нема никаква врска со љубовната врска со вработена.

„Станува збор за врска која заврши пријателски пред речиси 20 години. Одлуката на Бил да го напушти одборот нема никаква поврзаност со ова”, рече портпаролот на Гејтс. „Всушност станува збор за желбата да посвети повеќе време на добротворната работа што ја започна пред неколку години.“

Милијардерот, кој беше еден од основачите на „Мајкрософт“ во 1975 година и извршен директор на компанијата до 2000 година, во март 2000 година објави дека ја напушта функцијата за да се посвети на филантропијата.

Гејтс и неговата сопруга Мелинда поднесоа барање за развод на почетокот на овој месец по 27 години брак.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста