Утрински Весник
Спорт

Реал ќе се обиде да продаде 10 фудбалери ова лето!

Реал ќе се обиде да продаде 10 фудбалери ова лето!
Dik 300x250 mk

Реал Мадрид разочарувачката сезона ќе ја завршат со „чистка“ во своите редови, тврди шпанскиот „АС“, додавајќи дека Флорентино Перез е подготвен да продаде дури 10 фудбалери на „кралевите“ ова лето, ако некој може да си ги приушти.

Неуспехот во Лигата на шампионите и малите шанси да ја освојат титулата од Ла лига пред последното коло, заедно со шпекулациите дека Зинедин Зидан е подготвен да си замине на крајот на сезоната, носат многу прашања на „Сантијаго Бернабеу“.

На листата за „отстрел“ на Перез се Еден Азар, кој не успеа да направи впечаток во шпанската престолнина, како Рафаел Варан, за кого се заинтересирани Манчестер јунајтед, Челси и ПСЖ. Герет Бејл, Иско и Марко Асенсио веќе подолго време се на оваа листа, а покрај нив според „АС“ се и Марсело, Лука Јовиќ, Маријано Дијаз и Бохра Мајорал, како и Дани Себалјос, кој оваа сезона игра на позајмица во Арсенал.

Со парите обезбедени од продажбата ќе се добие буџет за засилувања, откако минатото лето Реал беа еден од ретките големи клубови кои не купија ниту еден играч.

> Реал ќе се обиде да продаде 10 фудбалери ова лето! <

Можете да прочитате

Легендарна скокалница од Светскиот куп заминува во историја

Денвер предводен од Јокиќ го надигра Голден Стејт

Со натпревари во Куманово и во Струга стартува 13.то коло во ПФЛ