Утрински Весник
Македонија

Тешка сообраќајна несреќа синоќа во Скопје, неколку лица завршија во болница

Скопјанец со мотор удрил во две паркирани возила, со тешки повреди е пренесен во болница

Синоќа во 23.50 часот, десетина минути пред почетокот на полицискиот час во Скопје се случила тешка сообраќајна несреќа на  крстосницата кај улиците Св.Кирил и Методиј и Народен фронт.

Во несреќата учествувале патничко возило „ауди“, управувано од Б.Ф.(42) од Скопје и патничко возило „фолксваген голф“, управувано Л.Љ.(31) од селото Радуша, Скопско, и двете со скопски регистарски ознаки.

„Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила М.Љ.(29) од с.Радуша, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и сопатниците во возилото ‘ауди’, В.С.(44) и М.Л.(41), и двајцата од Скопје, констатирани во Комплексот клиники ‘Мајка Тереза’ и Градската општа болница ‘Св.Наум Охридски’“, соопшти МВР.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Можете да прочитате

ЦУК: На бројот 112 во изминатото деноноќие 1697 повици, се гаселе девет пожари на отворен простор

Јавното обвинителство презема дејствија за расчистување на настанот со сквернавењето на македонското знаме

Средба на министерот Муцунски со Комесарот за трговија на Обединето Кралство, Крис Бартон