Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган остро ја осуди австриската влада затоа што во неделата го закачи израелското знаме на нејзината зграда во Виена.
На овој начин Виена испрати поддршка до Израел во ескалацијата на конфликтот со Палестинците.
„ Австриската држава се обидува да ги принуди муслиманите да ја платат цената за геноцидот што го извршија врз Евреите“, рече Ердоган, цитиран од „Ројтерс“.
Тој додаде дека Израел е „незаменлив убиец“.
„ Израел убива деца на возраст од 5-6 години. Убиваат жени, убиваат стари луѓе“, рече Ердоган, истакнувајќи дека Турција продолжува да прави напори за заштита на Палестина и Ерусалим, пренесе „Анадолија“.
Претседателот на Турција ги повика сите меѓународни организации да ги преземат неопходните чекори и мерки за заштита на Палестинците.
„ Ги повикуваме Обединетите нации, Советот за безбедност, Организацијата за исламска соработка и сите други меѓународни организации да дејствуваат во корист на угнетените Палестинци и Ал Кудс (Ерусалим)“, рече Ердоган по состанокот на неговиот кабинет во Анкара.
Тој предложи формирање на комисија составена од претставници на трите главни религии за управување со Ерусалим.