Утрински Весник
Свет

ЕМА: „Фајзер“ може да се чува во обичен ладилник до месец дена

ЕМА: „Фајзер“ може да се чува во обичен ладилник до месец дена

Европската агенција за лекови (ЕМА) препорача да се продолжи времето на чување на вакцините на „Фајзер/Бионтек“ на стандардни температури во ладилниците од 5 на 31 ден, со што ќе се олеснат логистичките предизвици за спроведување на вакцинацијата.

Оваа препорака се однесува само на неотворените шишенца, објаснува ЕМА.

Европскиот регулатор ја издаде својата препорака врз основа на дополнителни студии за стабилност на вакцините, поднесени од двете партнерски компании.

Американските власти во февруари одобрија складирање и транспортирање на вакцината на стандардни температури во фрижидер од два до осум Целзиусови степени до две недели, наместо вообичаените минус 80 до минус 60 степени Целзиусови.

Можете да прочитате

Зграда се запали во Кина, 14 лица загинаа

Пронајдени 12 мртви на брод со мигранти во близина на Крит

Почина масовниот убиец од Краков