Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Твитер блокирал шпански политичар кој тврдел дека мажите не можат да забременат

Твитер блокирал шпански политичар кој тврдел дека мажите не можат да забременат
Img 7972

Твитер привремено го суспендирал профилот на Франциско Хозе Контрерас, член на шпанската десничарска партија „Вокс“, откако напишал дека „маж не може да забремени“, што платформата го смета за кршење на нејзината политика за говор на омраза, пренесува „Спутник“.

Контрерас споделил статија за трансродов маж кој родил девојче, пишувајќи дека мажите немаат „матка или јајце-клетки“ и затоа не можат да раѓаат деца.

Контрерас бил суспендиран на Твитер 12 часа. Откако доби известување од платформата, политичарот излезе на Фејсбук за да ги сподели своите размислувања за одлуката на Твитер.

„Ме блокираат од мојот профил на Твитер веќе 12 часа поради говор на омраза. Твитот во кој ‘поттикнав омраза’ (што ме принудија да го тргнам) гласеше: ‘маж не може да забремени. Мажот нема матка или јајце-клетки’. Ова е веќе фашистичка биологија. Следниот пат ќе пробам 2 +2 = 4,” напиша тој.

Според Твитер, коментарот на Контрерас ја прекршил политиката против објавување материјал што изразува закана или промовира насилство врз другите врз основа на нивната раса, етничка припадност, сексуална ориентација или пол. Политичарот одговори со споделување на хаштагот #AManCannotBePregnant.

Контрерас доби голема поддршка од јавноста на Фејсбук, a луѓетo ја критикуваат цензурата на Твитер и сугерираат дека вистината навредува и дека колку и да сака некој да ја смени биологијата, нема да успеат.

Можете да прочитате

Премиерот даде оставка само неколку часа откако го именува својот кабинет, падна француската влада

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

Маж рани 20 лица во пукање во Сиднеј