Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Мицкоски на средба со Галовеј: Македонија тоне на секое поле

Мицкоски на средба со Галовеј: Македонија тоне на секое поле
Img 7972

Македонија тоне на секое поле, а големиот степен на корупција во земјава ги коси сите меѓународни стандарди, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој заедно со Александар Николоски оствари средба со амбасадорката на Обединетото Кралство во Македонија, Рејчел Галовеј.

Од опозициската партија посочија дека на средбата се разговарало за актуелните случувања, а Мицкоски истакнал дека во Македонија тешко се живее, додека ветувањата за развојна економија на власта резултирале со економско дно за граѓаните.

„Претседателот Мицкоски на амбасадорката и ги пренесе причините за се поголема загриженост на ВМРО-ДПМНЕ за начинот на кој власта и институциите се справуваат со големиот степен на корупција во земјава која ги коси сите меѓународни стандарди, како што се скандалите поврзани со издавањето на македонски пасоши на криминални картели, како и потопеноста во криминалните дејствувања на одредени функционери од власта и недоволниот број на суштински реформи е само тапкање во место на меѓународната интеграција на земјава“, наведе ВМРО-ДПМНЕ за средбата.

Мицкоски  истотака истакнал и дека немањето на доволен број на инвестиции како и навистина катастрофалната реализација на капиталните расходи, но и екстремното задолжување кое стигна над 60 отсто од БДП не им овозможува на македонските граѓани стабилна иднина.

Мицкоски и се заблагодари на амбасадорката Галовеј за поддршката која Обединетото кралство и ја дава на Македонија, како и интересот да се слушнат проблемите на граѓаните по насока на создавање подобри демократски капацитети и дијалог за изнаоѓање на решенија за суштински реформи.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Изјавата на Филипче наликува на алиби на човек потонат во непринципиелни дилови и ветувања кон луѓе кои не може да ги одржи

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ води црна кампања затоа што нема проекти за фалење

Касами: Ќе изградиме нова автобуска станица, ќе набавиме пет електрични автобуси и пет електрични минибуси