Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Главната уредничка на „Асошиејтед прес“ бара истрага за ракетирањето на зграда во Газа

Главната уредничка на „Асошиејтед прес“ бара истрага за ракетирањето на зграда во Газа
300x250 opst2

Главната уредничка на американската новинска агенција „Асошиејтед прес“, Сали Базби, побара независна истрага за израелското бомбардирање на зграда во Газа, во која биле сместени новинари од АП и од други медиуми, нагласувајќи дека јавноста заслужува факти.

Базби рече дека АП досега не видела ниеден доказ од израелски официјални лица кој би го оправдал бомбардирањето и уривањето на дванаесеткатницата во саботата, пренесува „Ројтерс“.

Израелските власти соопштија дека ја ракетирале зградата затоа што во неа била разузнавачка ќелија на Хамас.

„Слушнавме од Израелците дека имаат докази. Не знаеме кои се доказите. Сметаме дека е време да се направи независна истрага за тоа што се случи во саботата“, изјави Базби за „Си-ен-ен“.

Базби рече дека новинарите на АП не се повредени и дека сега известуваат од канцеларијата на ривалската француска новинска агенција „Франс прес“ во Газа.

„Не заземаме страна во сегашниот конфликт. Сепак, веруваме дека треба да го информираме светот што се случува во овој конфликт или во кој било во светот. Ова е важна приказна, бидејќи поради вчерашните постапки светот ќе биде лишен од информации“, рече таа.

Можете да прочитате

Кремљ бара јасност од САД за можноста за испорака на ракети „Томахавк“ во Украина

Експлозии во близина на канцеларијата на францускиот премиер во Париз

Синоптичарите алармираат: Европа пред најстудената зима во последните години