Утрински Весник
Македонија

13-годишна мотоциклистка тешко повредена при судир со „голф“

Малолетен пешак од Скопје тешко повреден по удар од патничко возило

Вчера околу 16:35 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од ул. Тоде Мендол и ул. Перо Илиевски се случила сообраќајна незгода помеѓу мопед „априлиа“, со кумановски регистарски ознаки, управуван од 13-годишна малолетничка, на кој се превезувала уште една 13-годишна малолетничка, и двете од Куманов, и патничко возило „фолксваген голф“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од В.К.(25) од Куманово.

По незгодата, малолетничката која го управувала мопедот била пренесена во Општата болница Куманово, каде што  ѝ биле констатиранни тешки телесни повреди.

Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Куманово.

Можете да прочитате

Потрага по исчезнато лице крај Вардар во Гостиварско

СДСМ со реакција по одлуката на Уставниот суд за Резолуцијата за миграцијата

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата