Утрински Весник
Свет

Вакцинацијата во Австрија дава резултати: само 0,16 проценти од вакцинираните заболеле од коронавиус

Вакцинацијата во Австрија дава резултати: само 0,16 проценти од вакцинираните заболеле од коронавиус

Вакцината против коронавирусот во Австрија дејствува, што може да се види од значително намалување на дневниот број на новозаболени лица, а само мал процент од луѓето се разболеле по имунизацијата.

Податоците од австриската покраина Форарлберг покажуваат дека 93,4 проценти од 27.000 заболени од коронавирус не биле вакцинирани.

Само 0,50 проценти се разболеле три недели по првата доза на вакцината, а само 0,16 проценти по втората доза.

Ова се првите валидни податоци за дејствувањето на вакцината во Австрија.

Во Ворарлберг досега 146.000 лица примиле една доза на вакцина, а околу 44.000 се целосно имунизирани.

Можете да прочитате

Барон Трамп сведочеше на суд за напад врз жена, напаѓачот доби четири години затвор

Хакерски упад во електронската пошта на директорот на ФБИ

Иран соопшти за убиени дипломати во израелски напад во Либан