Утрински Весник
Македонија

Инцидент во Сарај: Автомобил „голф“ насилно одземен од неговиот сопственик

Инцидент во Сарај: Автомобил „голф“ насилно одземен од неговиот сопственик

Во попладневните часови на 15 мај полициски службеници од СВР Скопје го уапсиле Н.Д. (45) од селото Грчец, кој претходно истиот ден предизвикал инцидент на патот од Грчец кон Сарај.

Како што информираат од МВР, 45-годишникот го пресретнал А.А. (20) од селото Крушопек, и со физичка сила и со закана му го одзел автомобилот „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки.

Според пријавеното од страна на А.А, причина биле нерасчистени должничко-доверителски односи помеѓу неговиот татко и Н.Д.

Автомобилот бил пронајден, а Н.Д. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Тројца полицајци повредени во сообраќајка во Скопје

Уапсен скопјанец, пронајдени украдени пригушници од железничка пруга и вратени на „Железници“

СДСМ бара Обвинителството да отвори истрага за унгарскиот кредит и во Македонија