Утрински Весник
Македонија

Затворен угостителски објект во Дебар, приведен сопственикот

Приведени 9 лица откако биле затекнати во угостителски објект

Ноќеска полицијата затворила угостителски објект од Дебар а сопственикот бил лишен од слобода бидејќи не биле почитувани времените мерки и протоколи.

Според информации од МВР, вчера во периодот од 22.00 до 24.00 часот, од страна на полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи и Полициска станица Дебар, во содејство со инспектори од Државен пазарен инспекторат Струга извршена е контрола во угостителски објекти во Дебар.

При контролата е констатирано дека во угостителски објект лоциран на ул.„8 Септември“, сопственост на К.Р.(23) од Дебар, не биле почитувани одлуките за превентивни препораки, времени мерки и протоколи за постапување и заштита на населението од заразната болест ковид-19.

Сопственикот е лишен од слобода, а објектот е затворен со пломба.

За случајот е запознаен и Јавен обвинител од ОЈО Дебар и по неговото документирање ќе биде поднесена кривична пријава за непостапување според здравствени прописи за време на епидемија, велат надлежните.

Можете да прочитате

Наводна порака за помош од убиената Росица од Велес до министерот Тошковски

Министерот за здравство лично им се извинил на вработените во пералната на Клиничкиот центар

Семјеството на Теодора Ристовска реагира: „Кога убиецот шета слободен, целата нација е жртва“