Утрински Весник
Македонија

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 311 пациенти

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 311 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 311 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.

Според Министерството за здравство, во болницата во Битола се хоспитализирани 35 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 36 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 7 пациенти, во Велес се лекуваат 35 болни, а во Куманово 51 пациент позитивeн и суспектни на Ковид-19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 40 пациенти, во Прилеп 26, во ковид центарот во Гостивар 12, а во Струга 14 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 17 пациент, во Кочани 12 во Кичево 9, Кавадарци 11, а во Гевгелија 6 лица позитивни и суспектни на коронавирусот.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 514 и има околу 740 празни болнички кревети во ковид центрите.

Поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид пациенти.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.
Министерството за здравство има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Можете да прочитате

Коцевски му одговори на Мицкоски: Обвинител имаше вирус, но потоа одржа состаноци со полицијата

Одреден осумдневен притвор за тројца од вчерашните настани каде беше сквернавено државното знаме

(Видео) Аерозагадувањето е темата на новата епизода од подкастот ЗРАК со д-р Мариа