Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Мицкоски: Не може Заев, кој се среќавал со криминалци во својот дом, да направи пресврт во Брисел

Мицкоски: Не може Заев, кој се среќавал со криминалци во својот дом, да направи пресврт во Брисел
300x250 opst2

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговоарајќи на новинарски прашања при посетата на Битола рече дека околу поврзаноста на премиерот Зоран Заев со турскиот наркобос, Седат Пекер, дознал од самиот Заев и Пекер.

Според Мицкоски, после вакви средби на премиер на една држава со криминалец кој во својата матична земја важи за човек кој е проблематичен пред законите, не може да се очекува дека Брисел ќе направи некаков пресврт во преговарачката позиција.

„Јас не реков дека Заев имал средба со Седат Пекер, самиот Пекер рече дека го познава премиерот на Македонија и дека бил негов гостин. Само ја кажувам изјавата на Седат Пекер. Некој сега ако сака да каже дека Пекер лаже, па прави аналогија на тоа дека и ние не ја говориме вистината, тогаш има начин како тоа да се докаже. Обвинителството по допрен глас треба да го повика тоа лице во ОЈО да даде исказ дали е вистина дека се среќавал со Седат Пекер, кој што во неговата матична држава важи за човек кој е проблематичен пред законите и понатаму треба да видиме како тој човек нашол неколкумесечно прибежиште, тука во Македонија“, посочи Мицкоски додавајќи дека неговата паетија го рефлектира во јавноста она што како информација доаѓа до нив.

Можете да прочитате

Муцунски во Ирска на средба на министрите за надворешни работи во рамки на Берлинскиот процес

СДСМ: Уште колку луѓе треба да настрадаат за Панче Тошковски да почувствува одговорност?

Кривични пријави за две сопственички на старски домови – давале храна со поминат рок и ги малтретирале згрижените лица