Утрински Весник
Свет
Img 7972

Путин: Украина ја претвораат во антирусија

Путин: Украина ја претвораат во антирусија
300x250 opst2

„Тие се обидуваат да ја претворат Украина во антипод на Русија, во некој вид антирусија, изјави рускиот претседател Владимир Путин.

Тој додаде дека Западот ја поддржува чистката на политичката сцена што започна во Украина.

„Очигледно е, и тоа е тажно, што полека но сигурно ја претвораат Украина во некаковси антипод на Русија, во некакваси антирусија, во платформа од чија територија постојано, очигледно, ќе добиваме вести за кои ќе биде потребно посебно внимание од аспект на обезбедување на безбедноста”, рече Путин, отворајќи ја седницата со членовите на Советот за безбедност на Русија.

„Сега има очигледна чистка на политичката сцена. Националните медиуми се затвораат. И ништо, нашите западни партнери воопшто не реагираат, а камоли да поддржуваат такви одлуки”, истакна Путин.

Рускиот претседател го коментираше и фактот дека властите во Киев го ставија опозицискиот политичар Виктор Медведчук во домашен притвор, под обвинение за велепредавство.

Тој посочи дека некои претставници на украинското раководство со години мирно соработуваат со Русија, вклучувајќи го и Крим, додека за тоа се обвинуваат претставниците на опозицијата.

Можете да прочитате

Тунберг му одговори на Трамп: И ти страдаш од проблеми со агресија

Опаѓа поддршката кај граѓаните на ЕУ за зголемување на воените трошоци

Руските власти известуваат за напад со дронови во сибирскиот град Тјумен