Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Мицкоски: Не е точнo дека ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ сложно го донесоа законот за легализација на дивоградби

СДСМ: Мицкоски потфрли во исполнувањето на неговата единствена задача – да ги одбрани криминалците од ВМРО-ДПМНЕ
Img 7972

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при посета на општина Битола во изјава за медиумите кажа дека не се сложува оти СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ сложно го донеле законот за легализација на дивоградби.

„Тоа беше закон за кој што разговаравме со Зоран Заев уште на онаа тет-а-тет средба, нели тоа беше еден од оние закони за кои што опозицијата беше обвинета од страна на власта дека ги кочи така што не би се согласил со тврдењето дека сложно го донесовме“, кажа Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.

Тој обвини дека има неколку естрадни политичари во парламентот, кои настапиле со тезата дека опозицијата и власта заеднички го донеле законот.

„Се чудам зошто тие естрадни политичари не поднесоа неколку илјадници амандмани да го блокираат овој закон ако не се сложуваат, има и таква можност пратеникот во парламентот преку филибастеринг да блокира определени законски решенија ако види дека неговото право да го аргументира со амандмани и да интервенира му е ускратено“, потенцираше Мицкоски.

Во врска со информацијата дека претседателот Пендаровски не го потпишал законот за легализација на дивоградби, лидерот на опозициската партија рече дека право на претседателот е тоа да не го стори, но дека во минатото ставил потписи на многу поштетни закони како за економијата, така за граѓаните и за националните интереси.

„Потпишаа во минатото многу, многу поштетни закони и за економијата и за граѓаните но и за националните интереси, така што ве упатувам еве да го прашате претседателот Пендаровски што го мотивирало да се одлучи на овој чекор“, истакна Мицкоски.

Можете да прочитате

Филипче: Масовно излезете на 19 октомври, да ја зачуваме Македонија како дом за сите

Мицкоски до Ахмети: Политиките на ДУИ ја испразнија Македонија и го намалија бројот на ученици Албанци

Филипче од Валандово: СДСМ е движење на храбрите кои ја сакаат својата земја