Утрински Весник
Македонија

Грција ги отвора границите за Македонците

Од утре Грција ги отвора границите за Македонците

Граничниот премин „Евзони“ од денеска се отвора за сите македонски државјани, но за влез потребно ќе биде приложување на негативен ПЦР-тест, писмен доказ за пимени две дози вакцини против Ковид-19 или позитивен резултат за антитела.

Оваа информација вчера на својот фејсбук-профил ја соопшти премиерот Зоран Заев кој во Атина учествуваше на Економскиот форум Делфи, каде се сретна со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, кој му ја потврдил одлуката.

Грчките граници, една година беа затворени за државјани на трети земји, меѓу кои и за македонските граѓани. Одлуката беше воведена лани, за време на првиот карантин во март, а оттогаш се продолжува на секои две седмици. Прекуграничните поминувања беа одобрени само за одредени категории граѓани.

Можете да прочитате

СТУДЕН БРАН ЈА ЗАФАТИ МАКЕДОНИЈА: Температурите нагло паѓаат, снег на планините и силен ветер до 60 км/ч!

Отворена подрачна канцеларија на Центарот за социјална работа Крива Паланка во Општина Ранковце

Левица: Груби излегува од куќен притвор – дилот меѓу ДПМНЕ и ДУИ за „Бехтел и Енка” си тече!