Утрински Весник
Свет
Img 7972

Прва пилот-забава во Хрватска без маски и дистанца

Прва пилот-забава во Хрватска без маски и дистанца
300x250 opst2

Во Хрватска вечерва се одржува првата пилот-забава со цел да се провери дали собирите на граѓани кои се вакцинирани, тестирани и оздравени од Ковид-19, се епидемиолошки безбедни.

Пилот забавата започна во 18 часот во ресторан во загрепската улица „Стројарска“, каде ќе биде присутен дежурен епидемиолог од Хрватскиот институт за јавно здравје, кој ќе набудува сè.

Како што пренесува Индекс.хр, ќе има 70 до 80 гости, од кои само еден дел е познат од претходно. Сите, како што е наведено во барањето на епидемиологот и Кризниот штаб, биле вакцинирани со две дози вакцина.

По една недела, учесниците повторно ќе бидат тестирани дали некој е заразен.

Вечерашниот експериментален настан не е класична вечера во ресторан каде групи луѓе се држат на дистанца, туку идејата е да се дружат едни со други без да има растојание меѓу нив и без маски.

Поканетите гости се од различна возраст, и помлади и постари, меѓу нив, има и студенти по медицина, здравствени работници, угостители и други.

Можете да прочитате

„Тајмс оф Израел“: Ослободувањето на заложниците ќе започне помеѓу 4 и 6 часот наутро во понеделник

Иран: Поддршката за договорот за Газа не значи одобрување на политиката на САД

Бајден прима хормонска и зрачна терапија поради агресивниот рак на простата