Утрински Весник
Спорт

Забавно попладне за „нераѕурите“ – бокс меѓу Конте и Лаутаро, па скара!

Барса на Меси му нуди 10-годишен договор

Фудбалерите на Интер, откако ги одбија барањата на газдите за откажување од две месечни плати следната сезона, имаа забавно попладне, во кое се организираше боксерски меч меѓу тренерот Антонио Конте и напаѓачот Лаутаро Мартинез, а се заврши со скара.

Лаутаро и Конте беа вклучени во расправија за време на вчерашната 3:1 победа над Рома, откако тој луто реагираше кога беше заменет (иако влезе како резерва). Сепак, очигледно немаше „лоша крв“ меѓу двајцата, откако на .то се организираше боксерски меч помеѓу двајцата, со Ромелу Лукаку како совршен најавувач на мечот.

По ова, убавото време беше искористено и за скара. Расположението, секако, на највисоко ниво.

> Забавно попладне за „нераѕурите“ – бокс меѓу Конте и Лаутаро, па скара! <

Можете да прочитате

Познати сите учесници на Светското фудбалско првенство 2026

Драма до крај: Босна ја шокира Италија, Чешка ја елиминира Данска

Македонија без голови во Даблин – нападот повторно разочара