Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Погребана младата наставничка од Казан која со своето тело заштити дете од разулавениот убиец

Погребана младата наставничка од Казан која со своето тело заштити дете од разулавениот убиец
Img 7972

Роднините, пријателите и учениците денеска ја испратија на вечно почивање Елвира Игнатиева (26), наставничка по англиски јазик, која загина во вчерашниот напад врз училиште во Казан.

Децата со рози во рацете плачејќи одеа зад ковчегот на нивната омилена наставничка, која е погребана денес на градските гробишта.

Елвира го загуби животот заштитувајќи дете од разулавениот убиец, кој насилно влета во училиштето и започна да убива деца. Храбрата наставничка излегла во ходникот во моментот кога вооружениот Илназ Галјавиев го извадил оружјето и пукал во сите пред себе. Во последен момент успеала да го повлече детето и да го заштити со своето тело.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ignateva Elvira (@ignatevaelle)

Несреќната Елвира била погодена од смртоносен куршум и останала неподвижно да лежи во ходникот на училиштето, додека учениците панично скокале од прозорците за да ги спасат своите животи.

Во нападот на училиште во главниот град на Татарстан се убиени седум деца и двајца наставници. За нападот е осомничен поранешен ученик на училиштето, 19-годишниот Илназ, кој објавувал страшни пораки на социјалните мрежи пред нападот.

Тој влегол во гимназијата вооружен и со многу муниција во раните утрински часови и тешко го ранил чуварот. После тоа, тој се упатил во ходниците, пукајќи кон секоја личност што ја видел. Повеќе од 20 лица се повредени во нападот.

Можете да прочитате

Во Белгија денес едноденвен генерален штрајк

Трамп: Не сум сигурен дека ќе влезам во рајот, но на многумина им го разубавив животот

Израел ослободи 1.968 затвореници како дел од договорот за прекин на огнот во Газа