Утрински Весник
Магазин

Четири американски медиуми и стримери најавија бојкот на HFPA

Четири американски медиуми и стримери најавија бојкот на HFPA

Телевизиската мрежа „Ен-Би-Си“ е последниот медиумски гигант што го бојкотира Здружението на странски новинари во Холивуд (HFPA) поради отсуство на диверзитет во неговиот состав.

„Ен-би-си“, која ја емитуваше церемонијата на доделување на наградите „Златен глобус“ од 1996 година, во понеделникот соопшти дека нема да врши пренос од свеченоста следната година, и дека сака да види сериозна реформа во здружението кое ги доделува наградите „Златен Глобус“.

„Ворнер медија“, „Нетфликс“ и „Амазаон студиос“ веќе одбија да учествуваат во настани поврзани со HFPA.

„Златните глобуси“ според профилот се на второ место по „Оскарите“.

Можете да прочитате

Ран знак за рак на белите дробови: Што откриваат врвовите на прстите

Кардиолозите предупредуваат: Оваа навика го старее срцето побрзо и од пушењето

Ал Пачино за непријатното искуство на сет: „Тоа ме погоди длабоко“