Утрински Весник
Свет

„Бионтек“: Досега сè укажува дека вакцината на „Фајзер“ е ефикасна и против новите видови

„Бионтек“: Досега сè укажува дека вакцината на „Фајзер“ е ефикасна и против новите видови

Германската лабораторија „Бионтек“ објави дека смета на ефективноста на својата вакцина, развиена во соработка со американски „Фајзер“, кога станува збор за сегашните варијанти на коронавирусот САРС-КоВ-2 додавајќи дека ниту една студија во моментот не покажува дека е потребно да се развие нова формула.

„Во овој момент нема индикации дека вакцината на ‘Бионтек’ против Ковид-19 треба да се приспособи на новите варијанти на вирусот“, соопшти германската лабораторија.

Засега, се додава во соопштението, „Бионтек“ е насочен кон развој на комплетна стратегија за борба против варијантите доколку се појави потреба во иднина.

Затоа лабораторијата почна со тестирање верзија на вакцина изменета специјално за варијантите на коронавирусот во март доколку САРС-КоВ- значително се промени и е потребна нова вакцина.

Исто така, се испитува влијанието на можната трета доза вакцина врз продолжувањето на стекнатиот имунитет и заштитата од нови варијанти.

Извршниот директор на „Бионтек“, Угур Сахин, во април рече дека нивната вакцина е ефикасна против индиската варијанта на коронавирусот.

Можете да прочитате

Трамп ја покани ЕК да биде член на Комитетот за мир во Газа

На 22 јануари вонреден самит на ЕУ

Глобалните моќници се собираат во Давос, Трамп предводи со говор и прием