Утрински Весник
Македонија

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ поднесе пријава за тендерот за противпожарната скала на Град Скопје

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ поднесе пријава за тендерот за противпожарната скала на Град Скопје

Врз основа на искажаните сомнежи во текот на минатата недела за криминалниот тендер на Град Скопје и Петре Шилегов, денеска ќе поднесеме кривичен поднесок за злоупотреба на службена должност и овластување, несовесно работење во служба и корупција и судир на интереси, изјави Владимир Нелоски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ќе поднесеме поднесок сѐ со цел да го охрабриме Јавното обвинителство да се позанимава малку со овој очигледен крими шема скандал што го обзнанивме. Имено, зетот на секретарот на Петре Шилегов, односно вториот човек во Градот Скопје успеал да земе фрапантни 500.000 евра како дел од тендерот за т.н. противпожарна скала“, рече тој.

Се надеваме, додаде Нелоски, дека конечно Јавното обвинителство ќе се охрабри и ќе ги обзнани и ќе ги побара сите факти поврзани со овој случај, а се разбира и дека граѓаните на Скопје ќе ја добијат правдата за нивните потрошени пари.

Можете да прочитате

ВЛЕН: Дваесет години власт на Османи – ниту еден проект за Чаир

Демант од МВР: На ниту еден граѓанин не му беше скратено правото да присуствува на вчерашниот протест во Кочани

Скенирате фискални? Еве кога ќе почне исплатата на „Мој ДДВ“