Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Средба Заев-Фон дер Лајен: Идентитетски прашања не смее да бидат на масата за разговори

Средба Заев-Фон дер Лајен: Идентитетски прашања не смее да бидат на масата за разговори
300x250 opst2

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев во рамките на неговата посета на Брисел, оствари средба и со претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен.

На средбата, премиерот Заев упати порака до претседателката Фон дер Лајен за уште поактивно вклучување на ЕК во изнаоѓање решение за деблокада на процесот за почеток на преговорите на ЕУ со Северна Македонија.

Премиерот Заев нагласи дека македонскиот јазик и македонскиот идентитет наметнати како прашања од Бугарија воопшто не смее да бидат тема на разговорите и ангажманот на Брисел и дека Северна Македонија единствено така ќе продолжи да разговара за нејзината европска иднина.

„Македонскиот идентитет освен што е прашање на гордост, тоа е и прашање на факти, наука, традиција и национално обележје на нашиот народ. Тој не е и нема да биде предмет на преговори. Европските вредности се водилка за нас, но заштита на идентитетот исто така е европска вредност“, порача премиерот Заев.

Тој додаде дека Северна Македонија ги спроведе сите реформи, дека нивната имплементација е предмет на неколку процеси за примена на европските стандарди дома и дека се исполнети сите критериуми на ЕУ за отворање на процесот за членство.

На средбата со премиерот Заев, претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен потврди дека ЕК ќе вклучи уште повеќе со суштински и посветен ангажман бидејќи, како што рече таа, ова е многу важен процес кој не смее да го одложи стартот на преговорите со Северна Македонија за членство во ЕУ, и дека таа се залага за двете земји, Северна Македонија и Албанија, заедно да ги продолжат преговорите без натамошно одлагање.

Можете да прочитате

Филипче: Масовно излезете на 19 октомври, да ја зачуваме Македонија како дом за сите

Мицкоски до Ахмети: Политиките на ДУИ ја испразнија Македонија и го намалија бројот на ученици Албанци

Филипче од Валандово: СДСМ е движење на храбрите кои ја сакаат својата земја