Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Сензационалниот Малинковски до 5. место на „Словакиа ринг“

Сензационалниот Малинковски до 5. место на „Словакиа ринг“
Img 7972

Давид Малинковски го освои петтото место на втората трка на „Словакиа ринг“, што се возеше денеска во рамки на FIA CEZ натпреварувањето во Твинго Купот.

Тој воедно беше и најдобропласиран од македонските возачи, додека Владимир Тренески беше седми, односно втор во бодувањето за домашниот шампионат, а Мартин Костовски заврши десетти или трет меѓу Македонците.

Малинковски возеше фантастична трка и веднаш по стартот успеа да се пробие до четвртата позиција. На некаде 10 минути до крајот на трката, нашиот возач дури успеа и да го преземе водството. Тој постојано беше при врвот во групата од осум автомобили, кои постојано се менуваа на првите неколку позиции. Во финишот, Малинковски падна до седмата позција, но во поседните неколку свиоци Младеновиќ и Ивануша имаа контакт по што излетаа од патеката, а Малинковски го запечати петтото место на трката.

Лука Глазер на крајот во фото-финиш мина прв низ целта, пред вчерашниот победник Ник Стефанчич и Урбан Јеловчан.

Останатите наши натпреварувачи, Ангелче Стојковски заврши на 15.место, Емил Нацка беше 18-ти, Зоран Мираковски на 20.место, а Ненад Костовски беше 22.место.

Милан Ѓорѓевиќ успеа да комплетира само два круга пред да излезе од патеката.

(ПР текст)

> Сензационалниот Малинковски до 5. место на „Словакиа ринг“ <

Можете да прочитате

Англија ја победи Летонија и обезбеди учество на СП 2026

Барди со мајсторски потег ја спаси вечерта – Македонија ремизира со Казахстан!

Барселона ќе ја чека пекол во Битола – влезниците продадени за осум минути