Утрински Весник
Свет

(Видео) Илон Маск призна дека има Аспергеров синдром на телевизиско шоу

(Видео) Илон Маск призна дека има Аспергеров синдром на телевизиско шоу

Елон Маск откри дека има Аспергеров синдром, за време на неговото гостување во американското ТВ-шоу „Saturday Night Live“.

Тој откри дека ја има оваа состојба, што е форма на аутизам, објаснувајќи дека има потешкотии да ги натера луѓето да веруваат дека мисли на она што го зборува.

„ Одлично е да се биде домаќин на „Saturday Night Live“, и навистина го мислам тоа. Понекогаш откако ќе кажам нешто, морам да кажам дека го мислам тоа“ рече во својот воведен говор 49-годишниот извршен директор на компанијата „Тесла“, основачот на „СпејсИкс“ (SpaceX) и еден од најбогатите луѓе во светот.

Тој, како образложение, додаде дека е првиот човек на Аспергер што ја водел емисијата: „Или барем првиот што го призна тоа“ се пошегува Маск.

Се смета дека е првпат бизнисменот јавно да каже дека има состојба на аутистичен спектар.

Познато е дека на луѓето со Аспергеров синдром може да им биде потешко особено разбирањето и однесувањето на другите луѓе и да учествуваат во секојдневното – семејство, училиште, работа и социјален живот“.

Можете да прочитате

Кобахидзе: Во Грузија нема да се повтори сценариото на украинскиот „Мајдан“

Во Грузија уапсени над 100 демонстранти

Бунтовниците контролираат половина од градот Алепо