Утрински Весник
Свет

(Видео) Студија: Бројот на починатите од ковид во светот двојно поголем од официјалните процени

(Видео) Студија: Бројот на починатите од ковид во светот двојно поголем од официјалните процени
Dik 300x250 mk

Бројот на смртни случаи во светот од коронавирус е повеќе од двојно поголем од официјалните 3,24 милиони, проценува ново истражување кое предизвика полемики.

Повеќе од 905.000 луѓе починаа од Ковид-19 во САД, 57 проценти повеќе од официјалната бројка, откриле во четвртокот научниците од Институтот за здравствено пресметување и процена на Универзитетот во Вашингтон. Тоа е повеќе отколку во која било друга земја.

Официјалната бројка на САД е околу 580.000, според статистиката на Универзитетот „Џон Хопкинс“.

Според пресметките на американските научници, тоа е вкупно околу 7 милиони смртни случаи во светот, што е повеќе од двојно повеќе од официјалните 3,24 милиони смртни случаи, забележани од Универзитетот „Џон Хопкинс“.

„Колку и да изгледа страшна пандемијата на коронавирус, оваа анализа покажува дека реалниот број е значително полош“, рече директорот на Институтот, д-р Крис Мареј во изјавата што го придружува објавувањето на резултатите.

Тој на прес-конференција во четвртокот истакна дека пропустите при запишувањето на реалниот број не биле нужно намерни.

„Главно тоа е ненамерно затоа што здравствените системи беа тешко погодени“, рече Мареј.

Можете да прочитате

Италија го повика рускиот амбасадор поради изјавите на Захарова за кулата во Рим

Русија планира да го признае мајчинството како вработување со полно работно време

Хамас: Континуираното уништување на куќи во Газа е прекршување на договорот за прекин на огнот