Утрински Весник
Македонија

Рамазан Бајрам неработен ден за сите граѓани

Рамазан Бајрам неработен ден за сите граѓани

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека 13 мај, четврток, Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, е неработен ден за сите граѓани.

По триесетдневниот рамазански пост, следува тридневен Рамазански бајрам, кој се смета за голем празник во исламот. Почетокот на Рамазан секоја година се поместува за 10 дена наназад, односно во престапните години за 11 дена, во однос на претходната година, поради разликата помеѓу исламскиот и грегоријанскиот календар.

Можете да прочитате

Од затвор итно во болница: Влошена здравствената состојба на Стевчо Јакимовски

Сериозен инцидент во Галичник: Загрозен резервоар со вода за пиење

Двајца кумановци на 75 и 76 години се степале – едниот тешко повреден