Утрински Весник
Македонија

За субвенции за велосипед во Град Скопје аплицирале 3.057 граѓани, повикот е затворен

За субвенции за велосипед во Град Скопје аплицирале 3.057 граѓани, повикот е затворен
Dik 300x250 mk

Поради големата заинтересираност на граѓаните за субвенциите за купување нови велосипеди и исполнување на предвидените средства, Градот Скопје известува дека овој јавен повик е затворен.

Јавниот повик беше објавен на 19 април и аплицирањето се одвиваше онлајн, на линк објавен од Град Скопје. Од објавувањето на јавниот повик досега аплицирале 3.057 граѓани и со тоа, предвидените финансиски средства се исцрпени.

„Граѓаните покажаа голема заинтересираност за овој проект, а со тоа и висока свест за заштитата на животната средина“, велат од Град Скопје.

Во Буџетот на Град Скопје за 2021 година за субвенции за велосипеди се предвидени 8,5 милиони денари. Во изминатите три години, Град Скопје додели над 10.000 субвенции за граѓаните што купија велосипед.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ води со 21 мандат, ВЛЕН 4, СДСМ 3 – 19.258 ливчиња неважечки

Кичево слави: ВМРО-ДПМНЕ ја освојува општината по повеќе од 15 години

Костадинов: СДСМ мора да помине низ сериозен филтер и реформи